Ronald Lu & Partners имаат создадено нов концепт на работен простор, наречен „Treehouse“. Оваа прекрасна зграда има многу балкони со зеленило, како и одличен систем за вентилација. Неговите проектанти имаат репутација дека се стремат кон креации со позитивни емисии на јаглерод, а овој пат добија награда за нивните напори.
Биофилниот дизајн на високите згради има за цел да ги направи бизнисите поздрави и поеколошки, со зелени плантажи и интегрирана одржлива технологија без јаглерод.
„Treehouse“ има зелени ѕидови, фасади и покриви, природна светлина и добра вентилација. Фасадата е под наклон, во форма на оџак, со цел да се засенчи објектот и да се овозможи природно регулирање на температурата.
Овој паметен проект ја освои наградата „Future Building Award“ – награда во „Advancing Net Zero Ideas Competition“ (ANZ).
Брајант Лу, потпретседател на Ronald Lou & Partners, рече дека им е чест што ја добиле наградата, што ќе ја зајакне нивната посветеност на подобрување на градењето и ќе им даде приоритет на човековото здравје и благосостојба при проектирањето. Тој додаде дека оваа зграда ја гледа како поттик за иднината со позитивни емисии на јаглерод за идните генерации. „Treehouse“ не е само место за работа, тоа е засадено семе кое ќе расте додека се стремиме кон поодржлива иднина, нагласи тој.
Наградата ANZ е поврзана со „Светскиот совет за зелена градба“, кој ги охрабрува бизнисите, организациите, градовите, земјите и регионите да постигнат нето нула оперативни емисии на јаглерод до 2030 година и сите згради да имаат нула емисии на јаглерод до 2050 година. Ronald Lu & Partners се стреми не само кон нула емисии, но и отпорноста на зградите на климатските промени.