Насловна / Архитектура / Трапезоидна бетонска куќа во шума во Словачка

Трапезоидна бетонска куќа во шума во Словачка

Архитектонското биро Ksa Studený ја проектирало оваа трапезоидна куќа од бетон и стакло за да го врами погледот на шумата во близина на селото Пернек во Словачка.

2_2

Вкопана во кос терен, куќата од 200 квадратни метри има стаклена фасада со целосна висина и на врвот со кров кој постепено ќе биде прекриен со растенија за да се сокрие од погледите.

1_1

„Инспирацијата беше да се изгради нешто слично на ловечка куќа“, изјави основачот на Ksa Studený, Jan Studený за Dezeen и додава: „Ова произлезе од самата локација, нејзината независност, позицијата на работ на селото и директната ориентација кон шумата наспроти падот на теренот“.

3_3

Домот е организиран на две нивоа, со дневна соба, кујна и трпезарија на приземје заедно со работен простор и главна спална соба, додека горе се сместени две детски спални соби.

4_4

Во склад со надворешната форма, основата е трапезоид, се стеснува како навлегува во ридот каде што се наоѓаат потемни сервисни простори и бањи, овозможувајќи им на дневната и спалната соба непречен поглед кон пејзажот.

„Проектиравме основа на куќа во форма на рамнокрак трапез, кој го одразува нејзиниот надолжен профил. Внатрешниот простор е слободен, поделен на две нивоа поврзани со скали“, објасни Studený.

5_5 6_6

Лизгачките врати со целосна висина и на приземјето и на првиот кат овозможуваат да се отвори домот, што води директно кон косата градина и шумата позади него.

Косата бетонска обвивка на домот е оставена изложена и однадвор и одвнатре, надополнета со минимален дрвен мебел и едноставна расвета.

14_14

Од двете страни се испакнати форми обложени со метал, кои содржат мал прозорец кој гледа на исток и стаклена врата на запад. Вратата овозможува пристап од првиот кат на надворешни скали кое водат нагоре кон местото за паркирање.

12_12

„Конструкцијата на куќата е бетонска обвивка без внатрешни столбови, направена од монолитен бетон. Единствената фасада на куќата е стаклен ѕид кон југ, преку кој комуницира со околината“, вели Studený и додава: „Пред куќата има две големи дрвја кои ја засенуваат оваа страна, така што нема потреба од дополнително засенчување“.

11_11 13_13 15_15 7_7 8_8 9_9 10_10

Испрати коментар

Scroll To Top