Транспортната заедница, во која ченуваат земјите членки на ЕУ и земјите во регионот, предлагаат да се воспостават „зелени коридори“ за Западен Балкан, со цел непречен транспорт на основните стоки, првенствено лекови и храна, во услови на строги ограничувања поради пандемијата. Заедничките предлог мерки ги подготвиле Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА. Целта е да се олесни транспортот и трговијата со основните добра во регионот на Западен Балкан, бидејќи нивниот проток никако не смее да биде прекинат.
Станува збор за примена на покоординиран и пропорционален пристап како одговор на сите предизвици со кои ЕУ и Западен Балкан се соочуваат, и во суштина никој да не подлегне на престрога изолација. Притоа, царинската и друга контрола на стоката и натаму ќе остане под правилата на ЦЕФТА и правилата кои произлегуваат од партнерството на регионот на Западен Балкан со ЕУ.