Научниците од Централниот и јужниот Увиверзитет за шумарство и технологија (CSUFT) во Кина, развиле ново транспарентно стакло користејќи природен бамбус. Овој материјал се издвојува по тоа што е огноотпорен, го сузбива чадот и е исклучително хидрофобен. За разлика од традиционалните производи на база на дрво, ова стакло е попогодно за многу апликации благодарение на единствените својства.
Бамбусот е избран поради исклучително брзиот раст и регенерација, што овозможува да се користи како градежен материјал кога ќе достигне старост од четири до седум години. Ова ново стакло покажало одлични карактеристики. Времето на палење изнесува 116 секунди, ослободувањето на топлина е само 0,7MJ/m2, и продуцира многу мали количини чад. Има подобри механички особини од стандардното стакло, а употребено во перовскитните соларни ќелии има пропуштање на светлина од 71,6%.