Насловна / Градежништво / Транспарентен пешачки мост во Љубљана

Транспарентен пешачки мост во Љубљана

most-ljubljana-02-630x450

Мостот Рибља Брв изгледа како да лебди над реката спојувајќи ги двата брега на главниот град на Словенија.

most-ljubljana-03-630x450

Студиото Архитектура е проектант на новиот пешачки мост кој се наоѓа на истото место од стариот дрвен мост од 1991 година.

most-ljubljana-04-630x450
Оригиналниот мост испроектиран од студентите по архитектура кон крајот на осумдесеттите години, изведен со дрвена конструкција беше направен како привремено решение. Поради карактеристиките на дрвото, низ годините, конструкцијата на мостот стана несигурна поради што се појави потреба од негова итна замена.

most-ljubljana-01-726x400
Новиот мост изгледа како лебдечка лента, бидејќи е направен од стакло и притоа нема видливи потпори. Долната конструкција е направена од челик со мал попречен пресек кој рефлектира светло, додека оградата е траснпарентна, од стакло, па не ги попречува погледите кон градот.

most-ljubljana-05-630x450

Архитектите се потрудиле мостот да биде што потенок и поненаметлив, за да се испочитува историското опкружување и за да се вклопи подобро во историската сецесија инспирирана од Виена.

most-ljubljana-06-630x450

Пешачкиот мост долг 25 метри е направен за четири месеци. Оградата е изведена од троструко стакло, додека под неа се кријат LED светилки, кои суптилно го осветлуваат мостот во текот на ноќта.

most-ljubljana-07-630x450

Испрати коментар

Scroll To Top