Составени од над 90% воздух, аерогеловите се најлесните материјали кои воопшто постојат, и секако спаѓаат меѓу најдобрите топлински изолатори. Нивниот нетранспарентен, заматен изглед, е еден од најголемите виновници за неможноста за нивно користење кај прозорците како топлински изолатор. Но, истражувачите од Colorado University Boulder најдоа решение токму за овој проблем, и тоа со помош на рециклирање на еден од нуспродуктите при производството на пиво.
Аерогеловите не беа досега применливи како изолатори кај прозорците, поради нивната нетранспарентност резултат на нивната структура. Затоа, тие уште с енарекуваат и „замрзнат дим“.
Тимот од CU Boulder е оформен со цел развивање на транспарентен аерогел. За да ја остварат своата цел, истражувачите употребиле целулоза, која е погодна за интервенции во својата решеткаста структура. Притоа, целулозата користена во проектот е набавена од пиварската индустрија, потоно од течниот отпад кој с едобива при производството на пиво. Откако ја набавиле суровината од локалните пиварници, додале специјални бактерии со кои успеале да ја добијат целулозата во рок од две недели. Потоа, ја поврзале целулозата со нановлакна, за да се добие гел. Резултатт е тенок филм кој е проѕирен и е одличен изолатор.
Научниците велат дека овој транспарентен аерогел е најкорисен како слој над постоечките стакла на прозорците, во функција на подобрување на нивната термичка изолација. Но, овие филмови имаат потенцијал и з аупотреба кај вселенсите летала, откако истиот тим научници неодамна победи на натпреварот NASA 2018 iTech.