Насловна / Вести / „Трансмет“ инкасираше од ЕЛЕМ 44 денари по гигаџул, фирмата „Пелистер“, избрана без тендер, ќе добива 87 денари

„Трансмет“ инкасираше од ЕЛЕМ 44 денари по гигаџул, фирмата „Пелистер“, избрана без тендер, ќе добива 87 денари

ЕЛЕМ ќе плаќа двојно повеќе пари за ископ на јаглен и земја кон фирмата „Пелистер“, која е избрана без тендер. Досега фирмата „Трансмет“, која работеше на ископите на ЕЛЕМ, инкасирала 44 денари по гигаџул, а, пак, „Пелистер“ ќе добива по 87,80 денари. ЕЛЕМ поради „крајна итност“ не распиша тендер, а со тоа ја скрати можноста сите заинтересирани фирми да  учествуваат во оваа јавна набавка и да се избере најповолна понуда. Тие тврдат дека „Пелистер“ ќе ископува најдолго една година, а за три месеци, како што велат, на тендер преку транспарентна постапка ќе изберат друга фирма. Но, и покрај ова, трошоците на ЕЛЕМ се зголемија.макфакс

Новиот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, смета дека ниската цена што компанијата „Трансмет“ ја понудила била еден од факторите за тие да не успеат да го исполнат договорот, а со тоа ја оправдува двојно повисоката цена што а понудила компанијата „Пелистер“. ЕЛЕМ реагираше на веста што ја објави „Макфакс“ и изјавата на Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации, која изјави дека ваквите договори со „крајна итност“ говорат за лошото планирање или, пак, свесно се создаваат, иако потоа, акционерското друштво кажа дека сега ќе мораат да плаќаат двојно повеќе за ископите.

„Оваа фирма понуди 87,80 денари по гигаџул. Таа има за задача да ископа 270 илјади тони јаглен и околу 700 илјади кубици земја, обврски кои не ги исполни компанијата ‘Трансмет’. Повикани беа шест фирми, од кои за време на наддавањето се појавија пет. Фирмите се наддаваа два пати, од каде се извлече пониската цена“, вели Ковачевски за „Макфакс“.

Спротивно на тврдењата на Ковачевски, во базата на системот за јавни набавки пишува дека пријавени биле две фирми, но не пишува за кој правен субјект станува збор.

(Макфакс)

Испрати коментар

Scroll To Top