Изградбата на Трансјадранскиот гасовод и поврзувањето на Црна Гора на него е проект од огромно значење за Црна Гора, пишуваат Дневне новине. Проектот за изградба на Трансјадранскиот гасовод и поврзувањето на Црна Гора на него ќе биде повторно актуелизиран на самитот на лидерите на Западен Балкан, кој ќе се одржи кон крајот на август во Виена. Покрај фактот дека овој ефтин енергент лесно би нашол пат до црногорската индустрија и домаќинствата, целиот проект би добил и друга димензија ако во Јадранско море се открие гас, пишуваат Дневне новине.