Бугарското студио OBIA го трансфромира постоечкиот објект на лизгалиштето со употреба на решетка во форма на лист.
Проектот е сместен во планинскиот скијачки центар Банско, Бугарија, и се стреми потполно да го интегрира волуменот во опкружувањето. Архитектите се одлучиле за целосно реновирање за да се постигне поголем комфор и енергетска ефикасност.
Структурата е повлечена назад, со тоа што се оставени само оригиналните столбови и греди, а внатрешниот ѕид што го делел просторот е заменет со стакло.
Нудејќи поголема транспарентност во ентериерот, волуменот се поврзува и со улицата и со ледената површина.
Надворешните пергола рамки, прават силуета која наликува на сув лист. Аголните дрвени решетки се составени од исполна која се ротира, давајќи динамичен и лебдечки изглед, како објектот да е во движење.