Сместена во центарот на Los Altos, акцентот на овој адаптибилен реупотреблив проект е воведот во нов тип на фасада која е овозможува објектот да се менува од затворена структура во опкружување кое ја кани заедниацата да влезе во нејзината внатрешност.
Трансформацијата е постигната со замена на целата предна фасада со двојно висински закачен стаклен ѕид кој се подигнува или спушта во зависност од потребите на корисникот. Ѕидот се управува со педала со која се отклучува безбедносниот механизам , за потоа со рачно вртење на тркалото кое активира неколку брзини се отвара ѕидот тежок 2000 килограми.
Во продолжение на предната фасада другата трансформација во објектот вклучува подигнување на кровот за еден и пол кат со цел да се создаде подобри пропорции на волуменот во внатрешноста каде што со инасталираните надсветла се постигнува поголемо природно осветлување.