Со намера да ги преиспита и истражи просторните атрибути на локацијата, архитектонското студио Waechter Architecture интервенира со реконструкција и проширување на постоечки објект на винарија во близина на градот Данди во Орегон.
Градејќи на оригиналниот имот на Фуриосо, проектот содржи низа слободностоечки неповрзани структури расфрлани низ парцелата, каде производствените капацитети и јавните содржини се соединуваат преку просторна интервенција, формирајќи компактна, обединета форма.
Со цел да го почитува околниот контекст, Waechter Architecture повторно го замислува секој од објектите со свој посебен идентитет, како и да овозможи и стимулира социјална интеракција со корисниците, околината и процесот на производство на вино.
Новиот простор предвиден за дегустација е сместен во рамките на лозјето, при што се создава ефект на треперење поради карактерот на транспарентната фасада кој нуди панорамски поглед кон околниот пејзаж. Логијата и дворното место со површина од 2.000 m² ќе формираат мултифункционален јавен простор. Сите овие намени се обединети под еден покрив, давајќи му на проектот во истовреме уникатност и одржливост.
Техничките простории (како што се кујната и бањите) се повлечени во внатрешноста на габаритот, во просторот за дегустација, овозможувајќи симплификација и ослободување на фасадното платно.
Сместена помеѓу винаријата и просторијата за дегустација, платформата служи како мултифункционален покриен надворешен простор, обезбедувајќи градационо сублимирање на двата соседни објекти, со интенција да го врами погледот кон околното лозје. За време на сезоната за берба, платформата се користи во процесот на обработка на грозјето, истакнувајќи го својот трансформабилен карактер во процесот на производство на вино. Во текот на летото, платформата станува јавен простор за конференции и настани.
Кровната површина е прекриена со брановиден метал со длабочина од десет сантиментри кој ја олеснува, механичката вентилација дозволувајќи им на воздухот и светлината слободно да минуваат низ меѓупросторот. Во летниот период, конзолниот испуст совршено го заштитува просторот за дегустација од директни сончеви влијанија. Вклучително и интегрирањето на постојниот објект и новата интервенција беспрекорно ги интегрира функционалните предизвици во едноставен, но безвременски дизајн.