Обично потпокривите се замислуваат како темни и влажни места, па затоа остава силен впечаток кога ќе се види една успешна коверзија на напуштен таван во простор исполнет со светлина.
Овој реновиран простор е уреден од страна на архитектонското биро PARA-project, и тој е успешно трансформиран од едно поткровје изградено во 1930 година во голем работен простор и библиотека на еден писател. Внимателниот избор на столици дизајнирани од страна на Чарлс и Реј Имс, му даваат модерен и класичен допир на овој современ, бел ентериер.
Реновиран за клиент кој исто така е писател и книговезец, овој простор има исклучиво функција на работната површина, но, исто така, вклучува гостинска соба и простор за релаксација. За да се разбие праволинискиот простор, архитектите од бирото PARA-project уфрлиле заоблени ѕидови изработени од рециклирани картонски цевки, кои даваат една интересна цилиндрична текстура на просторот. Испакнатите заоблени ѕидови ги одделуваат студискиот дел на писателот од гостинската соба и, исто така, ги прикриваат скалилата, бањата и неколкуте плакари за чување.
Стаклените површини овозможуваат на изобилство на природна светлина во реновираниот простор, а два прозори на аглите го привлекуваат вниманието, бидејќи тие се стратешки позиционирани над работната маса на писателот и простор за седење.
Минималистички дизајнираниот мебел му дава просторот чувство на престиж и вклучува различни столици од познатиот брачен пар на дизајнери Чарлс и Реј Имс, како и слободно поставената када со канџи како ногарки и преубави софи.