Некогашна Чехословачка е дом на голем број резиденцијални блокови од Студената војна, наречени „panelaks“, во многу поголем број од останатите држави од Источниот блок. После падот на комунизмот, многу од жителите повикуваат на рушење на овие објекти, гледајќи на нив како на потсетници на минатото.
Само во Братислава, 130,000 луѓе живеат во овие објекти, поради што рушењето и градењето на нови станбени згради би било премногу скапо, и ниту во еден момент не е економски исплатливо. Но Словачкото архитектонско студио Gut Gut добиле друга идеја
Gut Gut изработиле проект за реновирање и реконфигурација на руинираниот објект, осовременувајќи го изгледот со вметнување на заеднички простории на приземјето, реорганизација на просторот за добивање на различни типови на станови, како и додавање на тераси на новосоздадените станови.
Возобновената зграда ја отстранува стигмата на претходно омразената зграда, а и жителите добиваат поголем избор на станови. Но, ова е повеќе од осовременување на една зграда, Gut Gut покажува дека дури и најстарите градби можат да се пренаменат и модернизираат.
Извор: Супер Модулор