Насловна / Архитектура / Трансформација на објект од комунистичката ера во Тирана, во модерен центар за уметност и технологија

Трансформација на објект од комунистичката ера во Тирана, во модерен центар за уметност и технологија

Реномираната архитектонска компанија MVRDV ја престави својата визија за трансформација на т.н „Тиранска пирамида“ во Албанија, во центар за технологија, уметност и култура. Според плановите, ова напуштено здание ќе биде ревитализирано во мултифункционален технолошки центар за едукација на младите во Тирана, а постоечкиот мрачен ентериер ќе биде заменет со отворен, светол и „зелен“ простор.

Објектот познат под името „Тиранска пирамида“ е отворен во 1988 како Музеј на Енвер Хоџа, изграден во чест на поранешниот долгогодишен комунистички лидер. Во текот на војните на Балканот, трансформиран е во база на НАТО, потоа служи како ноќен клуб и место за организирање на разни настани. Денес, иако веќе во распаќање, сепак е популарно собиралиште на младите кои се искачуваат на покривот од објектот.

Во основа на концептот на MVRDV е да се почитува актуелното неформално користење на објектот, и да се зајакне неговата улога преку инклузија на сите категории граѓани. Кога ќе биде завршен, центарот ќе биде домаќин на програми низ кои тинејџерите сами ќе ја водат својата едукација за технологија и дизајн. Завршувањето на проектот е планирано за јуни 2019.

За MVRDV ова не е прв проект во Албанија. Неодамна тие победија и на конкурс за изведба на мастерплан за една од насеелбите во Тирана. Во последно време Албанија има соработка со познати светски архитектонски компании преку меѓународни конкурси. Тоа е одличен пример кој би требало да се следи и во остатокот од регионот.

Tirana Pyramid 4

Tirana pyramid 3

Tirana pyramid 2

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top