Насловна / Вести / Трансбалкански електроенергетски коридор

Трансбалкански електроенергетски коридор

Transbalkanski energetski koridor potpisuvanje

Министерот за економија во Владата на Црна Гора, д-р Владимир Кавариќ, минатат недела при потпишувањето на Договорот за финансирање на Трансбалканскиот електроенергетски коридор – секција Црна Гора, кој го финансира Европската унија и го имплементира германската развојна банка (KfW), ја даде следната изјава: „ Трансбалканскиот коридор, кој Црна Гора ќе ја поврзе со србија, е проект кој е одобрен на минатогодишниот самит во Виена. Проектот подразбира јакнење на црногорската инфраструктура поврзана и со подморски кабел и изградба на далековод помеѓу Црна Гора и Србија. Вкупната вредност на овој проект е 127 милиони евра. Црногорскиот електропренос веќе обезбеди кредитни средства од EBRD и KfW, а договорот кој денес го потпишуваме претстваува донација  во вредност од 25 милиони евра за кофинансирање на проектот“.

Министерот за економија подвлече дека проектот има огромно значење за енергетиката и целокупната економија на Црна Гора. „Самата поврзаност со Италија со подморски кабел е еден од приоритетите за Црна Гора. Со тоа, Црна Гора ќе стане дел од средиштето на енергетските токови на овој дел од Европа, и ја менува визурата на соседните земји давајќи им можност за поврзување со Западниот Балкан токму преку Црна Гора. Но, интерконекцијата со Италија има своја полна моќ и значење единствено со реализација и на овој проект односно интерконекција со Србија.“ заклучи д-р Кавариќ.

Изградбата на инфраструктурни проекти особено во енергетиката, со посебен фокус на интерконекциите во делот на критичната енергетска инфраструктура е високо на приоритетите на Европската Унија, како еден од предусловите за сигурен, стабилен енергетски пазар и реализација на идејата за енергетска унија. За овие проекти ЕУ до 2020 година ќе издвои една милијарда евра во вид на техничка помош и кофинансирање на инвестициите.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top