Од почетокот на оваа година, во Берлин веќе сообраќаат четири траекти на соларен погон, кои немаат емисија на стакленички гасови и отвораат нови деловни можности. Првиот од четирите соларни траекти од новата генерација, го проектираше и го изгради бродоградилиштето „Формштал“ од Штралзунд, и тоа за само шест месеци.
Еден час на траектот чини помалку од десет евра, вели производителот. Tоа е силен аргумент за купувачите и од странство, уверен е шефот на пристаништето Томас Кимштед: „Се разбира, веќе има првични распрашувања и први најави на заинтересираност во деловниот свет. Но, сепак, прерано е да се каже дали од тоа ќе се развие бизнис.“