БЕ Студио го заврши проектот за станбена зграда лоцирана на парцела, блиску до крајбрежјето на Матаро, главниот град на Марезме, крајбрежен град кој ужива умерена клима благодарение на неговата локација. Местото на проектниот опфат се карактеризира со урбана парцела каде што преовладува типологијата на домување позната како куќа од еден волумен „casa de cos“.
Куќата од еден волумен е традиционална урбана куќа на градовите во Каталонија, составена од габарит и атриум. Тие го сочинуваат најраспространетиот тип на едносемејни куќи кои се развиле во периодот на прединдустрискиот период и индустријализацијата, паралелно со урбаната експанзија во втората половина на 19 век.
Зборот тело или го означува просторот помеѓу два паралелни ѕидни платна што ја поддржуваат гредата на сводот. Ширината на традиционалната кровна конструкција во фармите и главните куќи е соодветна, така што гредите не се искривуваат, ударот на сводовите е умерен за да не мора да се прават дополнителни структурални потпори во ѕидовите.
Затоа, архитектите се одлучија за градба заснована на локалните конструктивни практики и со енергетска ефикасност, евоцирајќи ја традиционалната медитеранска архитектура. Наречен Чурука, предлогот на БЕ Студио претставува сублимат од волумен и фасада што се интегрира и остварува дијалог со соседниот урбан наратив.
Во внатрешноста, се предлага различен формативен јазик, генерирајќи голем централен двор кој служи како пристап до седумте домови и како социјален простор што го олеснува и поттикнува односот меѓу соседите. Атриумот врши повеќе функции, меѓу кои ја ублажува транзицијата помеѓу јавниот и приватниот простор, делејќи го објектот на две партиции (еден јавен од страната на улицата, а другиот приватен од страната на внатрешното блоковско зеленило).
Конфигурацијата на просторот диктира дневните простории да уживаат ориентација што ја следи максималната должина на фасадата. Се предлага инклузивно домување земајќи ја в предвид родовата перспектива, групирајќи ги дневната соба, трпезаријата и кујната во единствен простор, на кој е споена и пералната, како простор каде што се вршат домашни активности, великодушно димензионирајќи ги за да можат да бидат користени од повеќе од едно лице истовремено.
Енергетската ефикасност е столбот на проектот. Пациото е клучно за да се постигне пасивниот енергетски систем, така што домовите имаат добра вентилација и поседуваат двострана ориентација.Обвивката на зградата ги избегнува топлинските мостови и е опремена со добра изолација и водонепропустливи практични куќишта. Ова резултира во зграда со мала побарувачка на енергија на која ретко ќе и треба греење произведено со аеротермална енергија. За да се намали еколошкиот отпечаток на објектот, преземени се мерки како што се изградба на челична потпорна конструкција која може да се рециклира, дрвени прозорци и природна камена завршница кои и вдахнуваат на традиционална естетика, медитеранска душа.