Ако сте се запрашале како изгледа традиционална мароканска куќа, а не сте имале можност да видете досега, денес ќе ви презентираме ентериер кој е навистина интересен. Во овој ентериер се комбинираат традиционалните елементи со модерни детали, со што се креира едно оригинално и пријатно место за живеење. Во пространата дневна соба се наоѓа камин кој е поставен како совршен контраст на сето она што го опкружува. Големата софа, шарените детали и сликите на ѕидови придонесуваат за топла и многу разиграна атмосфера. Изложените греди во внатрешноста оставаат силен визуелен ефект, а внимание привлекува и мошне оригиналната кујна.