Готвачот Claus Meyer и џез музичарот NIels Jazzman Lan Doky отвориле во данската престолнина, нов заеднички проект под наслов The Standard. Се работи за ресторан и џез клуб сместени во историска зграда од 1937 година во центарот на Копенхаген.
Внатрешноста е уредена во ненаметливо бисерно-бели, сиви и светло-сини нијанси, кои евоцираат на каналите на Копенхаген и Северното Море. Основата на пространиот и светол простор се едноставни бели маси, двоседи Haiku и столици Beetle. Едноставноста и традиционалниот скандинавски дизајн тука се спојуваат со префинетиот вкус и елеганција.
Во менито на ресторанот се нуди органска храна преку традиционални рецепти и избор од модерната скандинавска кујна.