Производството на автомобили во девет фабрики на Toyota во Јапонија ќе биде привремено целосно запрено во периодот помеѓу 8 до 13 февруари, соопштија од раководството на концернот.
Причината е недостаток на челик по вина на основниот снабдувач – компанијата Aichi Steel. Нејзиниот фабрика во Јапонија има серизони последици од експлозијата која се случила во почетокот на јануари. Во инцидентот нема повредени, но една од производствените линии е многу оштетена и поправката ќе заврши до крајот на март.
Од Toyota објавија дека проблемот нема да влијае на останатиот дел од фабриките на концернот, лоцирани во други држави. Како и да е, производителот ги презема сите можни мерки за минимизирање на штетата која може да биде нанесена на производството на компанијата. Една од мерките е потрага по нов снабдувач на челик.
Во Јапонија има вкупно 16 фабрики на Toyota, а секојдневно од фабричките ленти излегуваат по околу 14.000 нови автомобили. Концернот е најголемиот производител на автомобили во светот – четврта година по ред, како и во 2015 година завршува со резултат од над 10 милиони продадени единици.
Плановите на компанијата за оваа година се производство на околу 10,2 милиони единици, од кои 4 милиони во фабриките во Јапонија.