Според магазинот SupraMKV, Toyota го заштитила името Supra во Европа. Тоа би можело да биде најава дека јапонската компанија вистински планира враќање на легендарниот спортски модел што наводно го развива заедно со BMW.
Двете компании ги здружија силите за да почнат на работа на спортски автомобил уште во 2013 година. Верзијата на BMW веројатно ќе биде новиот модел од Z фамилијата и ќе ја носи ознаката Z5. За верзијата на Toyota се шпекулира дека таа ќе биде нова верзија на легендарната Supra, која би била петта генерација на овој модел.
Според информациите, новата Supra би била базирана на концептот FT-1 кој беше претставен во јануари 2014 година.
Двата автомобила би требало да се произведуваат во Грац во Австрија, а годишно треба да се произведуваат по 60.000 возила. Ако најавите за старт на производството во 2018 година се точни, промоцијата на новите модели може да се случи во средината на 2017 година.
Техничките спецификации не се познати, но шпионските фотографии откриваат дека верзијата на BMW ќе има мек кров, а се зборува и за купе верзија на истиот автомобил. Двата модела би требало да имаат мотори на BMW, додека хибридната верзија ќе користи технологија на Toyota. Автомобилите ќе ја делат платформата, но не и изгледот на надворешноста и внатрешноста.