Во духот на промена на стандардите во производните процеси, Toyota развила концепт на SUV со високи перформанси, користејќи компоненти направени со адитивна технологија на производство, односно со 3D печатач. Покрај тоа, за концептот е користена и полипропиленска смола зајакната со јаглеродни влакна. Концептот е базиран на моделот Fortuner, а го развива Toyota Customizing & Development (TCD) од Азија.
TCD од Азија ја ангажирал компанијата Mitsui Chemicals, како и нејзините партнери, да ги истражат напредните материјали применливи за концептот. Соработката резултирала во иновативни 3D печатени компоненти за возилото. За добивање на овие компоненти се користи EXF-12 3D печатач, кој брзо произведува големи делови. Примената на ваквата технологија во производството на делови значително ги намалува трошоците за материјали и енергија, и речиси не генерира никаков отпад.