Насловна / Вести / Toyota ги испорача возилата за ЛОИ 2024 во Париз

Toyota ги испорача возилата за ЛОИ 2024 во Париз

Toyota, како светски партнер во мобилноста на Меѓународниот олимписки одбор и Меѓународниот параолимписки одбор, започна со првите испораки на возила за поддршка на Олимписките и Параолимписките игри, Париз 2024. Севкупно, Toyota ќе обезбеди флота од над 2.650 електрифицирани возила и 700 електрични решенија на мобилноста. Меѓу тие решенија има и 250 Accessible People Movers (APM), редизајнирани за Париз 2024, и произведени во Европа.

1_55

 

Сите возила на овој бренд присутни на настанот, ќе ја нагласуваат стратегијата на Toyota за јаглеродна неутралност, при што секоја технологија ќе се идентификува преку наменски бои. Сината боја е за возилата со водородни горивни ќелии, зелената за батериските електрични возила, додека виолетовата е избрана за хибридните и plug-in хибридните возила. Компанијата планира до 2050 година да постигне јаглеродна неутралност на глобално ниво, а во Европа до 2040 година.

1_56

Испрати коментар

Scroll To Top