Насловна / Вести / Toyota е внимателна со електричните возила: Свесен ризик или мудра подготовка за иднината?

Toyota е внимателна со електричните возила: Свесен ризик или мудра подготовка за иднината?

Најголемиот светски производител на автомобили, ги руши сите рекорди кога станува збор за профитабилноста. Toyota минатата година најголема добиvка во историјата, а огромен е успехот на нејзината политика на форсирање на хибридите и постепениот премин кон електрични автомобили.  Имено, додека повеќето се свртени кон електричните возила, оваа компанија се чини е резервирана во таа насока. Дали ваквата политика е догорочно правилна?

Компанијата нема многу електрични возила во својата понуда. Попрецизно, на европскиот пазар се нуди само еден модел, кој има само 2% учество на европскиот пазар од сите продадени возила на Toyota. Можеби тоа е причината зошто Toyota не е толку одлучна во преминот на електрични автомобили како другите производители. Едноставно, Toyota веќе со години тврди дека светот не е подготвен за целосна електрификација во овој сегмент, имајќи предвид дека сеуште една милијарда од светската популација нема пристап до електрична енергија. Претседателот на компанијата Akio Toyoda, го заговара правилото 1:6:90. Тоа покажува дека суровините потребни за батерија на еден електрилен автомобил може да се користат за 6 plug-in хибриди и 90 обични хибриди. Тоа е реалност која јасно влијае врз трошоците и профитните маржи на производителите. На долг рок, секако брендот има планови да лансира нова генерација електрични возила почнувајќи од 2027 година и да инвестира во нови батерии во што вложува сериозни средства.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top