Јапонската компанија Toyota е проценета како највреден бренд во автомобилската индустрија во светот за 2025 година. Британската консалтинг компанија Brand Finance, објавила листа од 500 светски компании со највреден бренд, на чело на која и натаму се наоѓаат Apple, Microsoft, Google, Amazon и Walmart. Но, Toyota ја зголемила вредноста на својот бренд од 23% во однос на претходната година и сега се наоѓа на 18-тото место на таа листа и е највреден бренд меѓу автомобилите. Тој се проценува на 64,7 милијарди долари, што е за 11,7 милијарди долари повеќе од вредноста на брендот Mercedes-Benz, кој бил највредниот автомобилски бренд за минатата година. Трет бренд по вредност меѓу автомобилите е Hyundai, а следуваат Tesla и BMW. Листата за ситe брендови ги анализира приходите и цените на акциите, но вклучува и фактори како што се договори за лиценцирање, прогнози за приходите, перцепцијата за брендот, одржливоста и емоционалната поврзаност на потрошувачите со брендот.