Насловна / Архитектура / Town House во Скопје

Town House во Скопје

Објектот е градска куќа, сместена во близина на централно градско подрачје на Скопје, во опкружување од ниска станбена структура на објекти, проект на Пако Радовановиќ, Арсенија Поповска Радовановиќ, Ѓоко Радовановиќ, Стефан Матески.

2_resize

Околностите создадени од урбанистичките параметри и барањата на Инвеститорот, сугерираа потреба од поголема зелена површина, која, поради максаималната искористеност на површината за градење зададена со ДУП-от, во недостаток на двор е надокнадена со интерполирање на градина на кровот на објектот.

1.Naslovna_resize

Куќата со површина од 850 квадратни метри се состои од две станбени единици проектирани на засебни нивоа, со заеднички влез и комуникации. Секој од становите располага со добро димензионирани основни станбени содржини, како дневен престој со трпезарија и кујна од отворен концепт, три спални соби и бањи. Во поткровниот простор е сместен мал спа центар, надворешен простор за забава, опкружен со кровна градина. Подрумскиот простор е наменет за неопходните технички содржини, како и гаражирањето на неколку автомобили.

3_resize

Town House е добитник на BIG SEE ARCHITECTURE AWARDS 2020 и е во конкуренција за GRAND PRIX BIG во категоријата резиденцијални објекти. BIG SEE ја препознава и изложува квалитетната архитектура во Југоисточна Европа, опфаќајќи 19 земји. Добитниците на наградата свечено ќе се прогласат на 16. октомври на гала вечер во City of Design Slovenia во Љубљана, каде ќе бидат изложени и сите наградени проекти.

Авицена - Куќа 5_resize 6_resize

N_Osnova na prv kat_1_resize

N_Presek_1_resize

N_Osnova na terasa_1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top