Насловна / Архитектура / Tour Triangle: Зградата која драстично ќе го измени изгледот на Париз

Tour Triangle: Зградата која драстично ќе го измени изгледот на Париз

Tour-triangle-Paris

По изградбата на зградата Tour Montparnasse во 1973 година, париските градски власти забраниле изградба на доминантни и превисоки објекти. Сепак, забраната е укината во 2010 година, по што сега непречено ќе може да се изгради нова монолитна зграда која ќе доминира со главниот град. Објектот ќе биде лоциран во 15-иот арондисман на Париз. Облакодерот во облик на триаголник ќе биде висок 180 метри, и ќе биде украсен со стаклена фасада. Се работи за конечна победа на инвеститорот во битката со противниците на изградбата која трае веќе неколку години.

Tour-Triangle

Објектот Tour Triangle е дело на швајцарските архитекти од компанијата Herzog & de Meuron. Инвеститор е компанијата Unibail Rodamco, а проектот „тежи“ 500 милиони евра. Tour Triangle  и понатаму има голем број противници, а многумина се плашат дека изградбата на оваа зграда ќе ја отвори „сезоната на лов“ за инвеститори кои во Париз сакаат да видат нови, модерни и високи згради. „Tour Triangle  е екстремен, мегаломански и антиградски проект. Тој е сечило кое го раздвојува градот и се наметнува на својата околина како вонземјанин“, вели историчарот на архитектура William J. R. Curtis. Сепак, оваа зграда нема да биде повисока од облакодерот Tour First, кој е висок  230 метри, а кој е изграден во 2011 година. Највисок објект во Париз сè уште е 324 метри високата Ајфелова кула.

 

Испрати коментар

Scroll To Top