Француското студио Nouvelle AOM на меѓународен архитектонски конкурс е избрано да го реконструира облакодерот Tour Montparnasse до отварањето на Олимписките игри во Париз 2024.
Nouvelle AOM е составено од раководители на три компании во Париз: Franklin Azzi од Franklin Azzi Architecture, Fréderic Chartier и Pascale Dalix од Chartier Dalix, и Mathurin Hardel и Cyrille Le Bihan од Hardel + Le Bihan Architectes.
Конзорциумот победи на меѓународен натпревар за реализирање на реновирањето во вредност од 300 милиони евра, кои ќе бидат вложени во реализацијата на проектот за Tour Montparnasse, веројатно најоспоруваната градба во Париз, на која се предвидува да и се направи “зелено преуредување“.
“Кога го прифативме предизвикот во оваа возбудлива конкуренција, нашиот фокус беше на откривање на убавината на Tour Montparnasse од внатре”, изјави тимот.
“Ова го постигнавме со вградување радикално нови намени на просторот и изработка на целосно одржливо “зелено” преуредување на фасадата. Целта е кулата да се стане икона на енергетската револуција од 21 век”. Изјавија од тимот.
Nouvelle AOM на меѓународниот конкурс ги поразија архитектонските предлозите на OMA и MAD и Studio Gang и со својот проект предвидуваат пониските нивоа на 209-метарската кула да бидат покриени со зеленило и садници, а врвот крунисан со конзерваторијум.
Благо одвоена од главното тело на кулата, градината на покривот е проектирана така што визуелно ќе ја скрши висината на кулата.
Конкурсот за кулата е распишан во 2016 г., после многугодинишни повици за преуредување на на највисоката зграда во градот. Во 1973 г., кога е завршен обклакодерот Tour Montparnasse, архитектонското обликување и висината имаа мошне негативен одек и силна опозиција, што предизвика во Париз 42-годишна забрана на градење облакодери во градот.
“Редизајнирањето го нагласува хоризонталната рамнина, ставајќи крај на вертикалниот фокус на кулата што ја правеше изолирана”, велат архитектите.
“Реновирањето, исто така, прави премин од непроѕирноста кон транспарентност, додека новите намени на просторот ќе ја трансформираат кулата во живо просперитетно место, враќајќи им ја на луѓето на Париз”.
Кулата Tour Montparnasse е проектирана од архитектите Eugène Beaudouin, Urbain Cassan и Louis Hoym de Marien и е втор највисок објект во Париз после Ајфеловата кула.
Метежот и превирањата околу висината на Tour Montparnasse, планерите и урбанистите ги доведе до воведување висина од максимум седум катови за новите објекти. Последниве години, законот е изменет и дополнет со што се овозможува изградба на станбени кули со висина до 50 метри и канцелариски блокови до висина 180 метри во градското опкружување.
Во 2015 г. архитектонското биро Herzog & de Meuron доби дозвола за проектирање на облакодерот Tour Triangle, висок 180 метри, а Hamonic + Masson & Associés и Comte Vollenweider Architectes го завршија својот проект за станбен комплекс висок 50 метри, во новиот расплет на настаните кој следуваше по измените во законот и зголемување на максимално дозволената висина на објектите.
Претходно оваа година предвидени се и седум нови облакодери проектирани од архитекти, меѓу кои и Jean Nouvel и Norman Foster за областа La Défense во Париз, во обид да ги зачуваат бизнисите од Лондон по Brexit .
Работата на Tour Montparnasse се очекува да започне во 2019 година и да заврши до отварањето на Олимписките игри во Париз 2024 година.