Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Total i E.On планираат да се повлечат од проектот Трансјадрански гасовод?

Total i E.On планираат да се повлечат од проектот Трансјадрански гасовод?

tap_route_2010_big_existing_infrastructure
Ова го изјавил на новинарите  висок претставник на азербејџанската компанија SOCAR , на маргините на конференцијата за нафта и гас во Баку, пренесува Reuters. Во Total и E.ON не биле достапни за коментар по барање на агенцијата.

Проектот за изградбата на гасоводот ТАР има цел до крајот на оваа деценија да почне да испорачува гас од азербејџанските полиња Шах Дениз II во Каспиското Море. Станува збор за едно од најголемите наоѓалишта за гас во светот, потсетува Reuters.

Гасоводот во должина од 870 километри би се поврзла со Трансанадолскиот гасовод (TANAP) во близина на турско-грчката граница во Кипои, а би минувал преку териториите на Грција, Албанија и под Јадранското Море до југот на Италија.

Акционери на ТАР со удел од по 20 отсто се британски British Petroleum (BP), азербејџански SOCAR и норвешки Statoil, а следат белгиски Fluxys со 16-процентен удел, Total со 10-процентен, Е.ОN со 9 и швајцарската компанија Axpo со 5-процентен удел.

Испрати коментар

Scroll To Top