Ова се нарекува тотал дизајн: од мали детали како рачките на вратите до елементите како бетонски греди долги 20 метри – сè е замислено во главата на Bjarke Ingels и неговиот голем тим наречен BIG LEAPP.
Прославеното данско архитектонско биро BIG и понуди на јавноста поглед на своето ново седиште во Копенхаген, кое треба да биде завршено оваа есен.
Процесот на проектирање започна во 2017 година, фокусирајќи се на поврзување на зградата со индустриската историја на соседството и поморската инфраструктура.
Зафаќајќи површина од приближно 4.800 квадратни метри, зградата има за цел да постигне DGNB Gold сертификат, а можеби и титулата на најдобрата архитектонска канцеларија во светот.
ПРОЕКТАНТСКИ ПОКРИЕН СЕКОЈ АСПЕКТ
За да се поддржи одржливоста, проектот вклучува Uni-Green, нов бетон кој заеднички го развиле BIG и компанијата Unicon. Овој материјал нуди намалување на јаглеродот од околу 25%, што резултира со низок отпечаток на CO2 од 11,3 kg CO2 eq/m² годишно.
Сеопфатниот проектански напор, предводен од BIG LEAPP (тимовите за пејзажно уредување, инженерство, архитектура, планирање и производи во BIG), го опфаќаат секој аспект, од мали детали како рачките на вратите до значајни елементи како бетонските греди долги 20 метри и стаклените мембрани.
Исто така, обновливите извори на енергија, вклучувајќи ги соларните и геотермалните системи, придонесуваат 60% од седиштето на BIG во Копенхаген да се потпира на обновлива енергија.
Кога гостите и вработените влегуваат во зградата на Bjarke Ingels Group, тие влегуваат во простор кој потсетува на архитектонскиот стил на Пиранези. Внатрешноста нуди дијагонални погледи кои се протегаат сè до последниот кат.
Во срцето на просторот, камен столб изградена од шест различни типови на карпи обезбедува структурна поддршка, преминувајќи од густ гранит во подножјето до цврст мермер на врвот.
Смелата геометрија и експанзивните застаклени отвори формираат интеракција на светлина и сенка. Оваа интеракција дополнително го подобрува драматичниот ефект, поттикнувајќи движење и истражување.
ЖИВА ВРСКА ОД ПРИЗЕМЈЕТО ДО ВРВОТ
Отворени скалили минуваат низ секое ниво, создавајќи жива врска од приземјето до врвот. Секој кат обезбедува директен пристап до балконот, беспрекорно поврзан со балконите над и подолу, формирајќи континуиран отворен пат долг 140 метри.
„Движејќи се од кровот до кејот, оваа спирална лента во надворешните простори проектирана е да наликува на планинска патека“, објасниуваат за DesignBoom Bjarke Ingels Group.