Насловна / Архитектура / Torre Reforma добитник на наградата за најиновативна висококатница на светот

Torre Reforma добитник на наградата за најиновативна висококатница на светот

Деловната зграда Torre Reforma, која се наоѓа во Мексико Сити, ја освои наградата за најиновативна висококатница на светот, која ја доделува Deutsches Architekturmuseum (DAM). Една од најзначајните архитектонски награди за високи згради на светот International Highrise Award, секоја година го претставува и прогласува победничкиот проект кој најдобро ги задоволува критериумите на проектирањето ориентирано кон иднината, фукционалноста, иновативните технологии, одржливоста и сл.  Архитектот  L. Benjamin Romano ја освои наградата за оваа година, на церемонијата во Франкфурт.

DAM го опишува победничкиот проект на следниот начин: „ За разлика од меѓународниот тренд кој се забележува во областа на станбените кули, како и бројните проекти за мешовита намена  во Азија, овогодишниот победник е повторно класична деловна зграда. Но, овде конвенционална е само употребата на зградата.  Сериозниот проблем со земјотресите во Мексико Сити бара интелигентно проектирање на носечката конструкција. Соодветно на тоа е проектирана и оваа кула, која достигнува височина од 246 метри.  Torre Reforma на L. Benjamin Romanо го поставува главниот град на Мексико на светската мапа кога се во прашање ваквите архитектонски дела.  Од преку 1000 облакодери кои се нарачани за изградба и изградени ширум светот во последните две години, Deutsches Architekturmuseum (DAM) номинираше 36 исклучителни објекти од 15 различни земји. Меѓународното стручно жири составено од архитекти, градежни инженери и стручњаци за недвижности, избрале пет најдобри кои влегле во финале, пред да го изберат најдобриот проект.

torre1

torre2

torrre3

torre4

torre5

 

Испрати коментар

Scroll To Top