Насловна / Ентериери / Топол стан со бетонски елементи

Топол стан со бетонски елементи

Бетонот како материјал најчесто има груби рабови. Кога станува збор за бетонот, на памет ни паѓаат бетонските фасади на зградите, бетонските рабови на улиците и слично. Но, во поново време се повеќе и повеќе почнува натур бетонот да се употребува и во енериерите, најчесто во оние кои се дизајнирани во индустриски дизајн.

1-topol-stan-so-betonski-elementi

Ова е апартман во кој бетонот нема носива улуга, туку, тука е поставен за да создаде шик, градски и изглед на недовршеност на површините.

2-topol-stan-so-betonski-elementi

Овој простор кој се развива на две нивоа е поранешен индустриски простор кој сега е претворен во извонредно топол стан.

3-topol-stan-so-betonski-elementi

Како контраст на бетонскиот под, во овој ентериер е користено темно-кафеното масивно дрво. Белите тули и видливите дрвени греди од меѓукатната конструкција му даваат на овој индустриски простор една пријатна, домашна атмосфера.

4-topol-stan-so-betonski-elementi

Како централен елемент во дневниот простор се јавува голем камин кој дава посебен шмек на топлата атмосфера. Телевизорот е изоставен па затоа е поставено платно на кое се проектираат филмови со видео бим.

5-topol-stan-so-betonski-elementi

6-topol-stan-so-betonski-elementi

7-topol-stan-so-betonski-elementi

8-topol-stan-so-betonski-elementi

Испрати коментар

Scroll To Top