Дизајнерите од украинското студио Svoya го изработиле овој апарман за потребите на нивниот клиент од Киев.
Архитектите опишувајќи го овој стан велат: „Клиентот сакаше овој трисобен стан во Киев да го претвориме во двособен, со голем простор во кој се комбинираат кујната, трпезаријата и дневната соба во еден простран простор и спалната соба со бања и гардеробер.
Најважно е да се направи еден „искрен“ простор, користејќи природни материјали и тие да се постават на важни и видни места во станот. Исто така, инсистиравме на употреба на украси и мабел исклучиво од украински производители“.
Во продолжение уживајте во галеријата од овој прекрасно уреден стан.