Кога домот е топол и гостопримлив тој е исполнет со среќа и радост.
Овој дом е токму таков. Комфорен и топол, прави сопствениците а и нивните гости да се чувствуваат целосно опуштени и пријатно во него.
Апартманот зафаќа поголем простор па така тука не се штедело на неговата употреба. Дневниот простор е поврзан со трпезарјата и кујната и како една целина создаваат простор во кој може да се извршуваат дневните потреби на семејството, но истовремено и да се релаксираат корисниците и да уживаат во заеднички поминатото време.
Непосредно до дневниот престој, издвоено е мало марче простор кое служи како библиотека со удобна фотелја за читање, како и пијанино. Овој простор може да се именува како креативно катче во станот.
Спалните соби исто така се топли и пријатни па така одморот во нив е целосно релаксирачки.