Насловна / Вести / Топлиот бран „Анели“ ја препотува Европа

Топлиот бран „Анели“ ја препотува Европа

Zestini vo Evropa
Појасот со висок воздушен притисок „Анели“, во Европа донесе температури до 40 Целзиусови степени. Жешкиот воздух доаѓа директно од Сахара, и ги препотува луѓето во Велика Британија, Германија и во Франција.

zestini vo evropa2

Во Париз температурите достигнуваат речиси 40 Целзиусови степени. Во општинските совети се отворени простории со клима уреди. Градските службеници организирано преку телефон проверуваат кај постарите луѓе дали е сè во ред. Во станиците на подземната желзница се апелира патниците да пијат доволно вода. Некои бараат спас од жештините дури  и во градските фонтани.

Day Two: The Championships - Wimbledon 2015

Во лондонската населба Вимблдон каде во тек е тенискиот турнир, неподносливо топло време и за играчите и за публиката. Средата со речиси 36 Целзиусови степени влезе во историјата на тенискиот турнир Вимблдон како најжежок ден.

 

Испрати коментар

Scroll To Top