Топлината која се создава во лондонската подземна железница, каде температурата понекогаш надминува и 30 степени, наскоро ќе се користи за снабдување со нискојаглеродна енергија на институциите во центарот на Лондон, како Парламентот и објектот на Downing Street, најавуваат идејните творци на новиот проект.
Под името South Westminster Area Network (SWAN), тоа ќе биде една од првите и најголеми топлински мрежи во Обединетото Кралство, а проектот го покренува Владата. Притоа, ќе се овозможи употреба на вишокот на енергија која ја создаваат метрото, канализацискиот систем и реката Темза, со цел да зе загреваат стотина историски згради и институции во квартот Westminster. Разботите на изградба на овој систем би требало да започнат во 2026 година. До мај 2050 година, во проектот ќе се инвестираат 1,2 милијарди евра, а ќе се отворат 500 работни места. Вака генрираната енергија ќе биде 40% поефтина од онаа добиена од топлински пумпи. Велика Британија има амбиција да го декарбонизира енергетскиот сектор до 2030 година, а да стане јаглеродно неутрална до 2050 година.