Постоечката Топлана Запад во Нови Сад ќе биде реконструирана во термоцентрала – топлана за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија. Договорот е веќе потпишан, при што изведувач на проектот што ќе биде финансиран од страна на kfW банката, е компанијата „Џенерал Електрик“. Се работи за вредна инвестиција која ќе биде завршена следната пролет. Инсталираната моќност на комбинираната постројка е проектирана на 9,9 MW, со што претпријатието „Новосадска топлана“ ќе започне процес на трансформација на конвенционалниот кон модерен и одржлив систем за далечинско греење.