Прекрасна мансарда во Сан Франциско, која има високи бетонски тавани, е вистински пример за тоа како ентериер со елементи од бетон може да биде навистина пријатен, а не остар и груб.
Станот има површина од околу 200 м2, една спална соба и две бањи. Главните карактеристики на ентериерот се неговата просторност, прозорците во индустриски стил со импресивна големина и прекрасен светларник преку кој влегува голема количина на природна светлина.
Кујната, која е доста пространа и опремена со современи апарати, се отвора кон дневната соба во која е сместен шанк дизајниран како место за појадок. Кујнските орманчиња и скалите се направени од vintage дрво.
Спална соба е на горното ниво на мансардата и располага со пространа гардероба и комплетно опремена бања.
Мебелот во спалната соба е многу приемлив и делува релаксирачки по само еден поглед. Големите прозорци во спалната соба даваат можност на уживање во погледот на зајдисонце и панорамата на градот.