Не постојат две исти куќи. Луѓето ширум светот живеат во неконвенционални простори, од куполи до пештери и куќарки на дрво. Сите не сакаат да имаат само четири ѕида, кров, темел и ограда. Еве една листа од најчудни куќи ширум светот, како мала релаксација за празничните денови.
- Куќа во Абуѓи – Нигерија, делимично изведена во облик на авион. Ја извел извесен Саид за својата сопруга и во знак на својата љубов кон патувањата.
- Оваа куќа е изградена на карпа на реката Дрина кај Бајина Башта. Изградена во 1968 год. од момци кои сфатиле дека каменот што извира од реката е идеално место за мало засолниште.
- Овој мераклија изградил куќа на кровот на една фабрика во Кина. Малку несигурно изгледа, но ајде да не бидеме зајадливи. Мерак си е мерак.
- Куќички во централна Шпанија, направени од стари вински каци. Четериесетина луѓе, главно етнички Турци живеат во овие провизорни куќарки 6-8 недели за време годишните жетви. Да не си им во нивна кожа.
- Соларна куќа во близина на Салзбург, дизајнирана како џиновски тридимензионален саат, фиксиран под агол заради одржување на летните температури под контрола, но и со желба за апсорпција на сончевите зраци на есен, зима и на пролет.
- Куќа на дрва од филмовите за Хари Потер. Идеални за исполнување на детските фантазии.
- Куќа во Охајо, САД, од приказните за штрунфовите и љубителите на печурки, со примена на какви ли не органски материјали. Тотален циркус.
- Куќа во рускиот град Краснодар, како атракција за локалните жители и туристи. Сите простори во внатрешноста се исто така изведени наопаку.
- Куќа изведена меѓу две згради во Варшава, уметничка инсталација „куќа далеку од куќа“ на израелскиот писател Е.Керета, широка само 91 см, како спомен на фамилиите загинати во Холокаустот.
- Ако немате што да криете, поминете неколку дена и ноќи во проѕирната куќа во Јапонија. Овие 84 м2 се инспирација од претците што живееле на дрвја. Многу природно светло, но без приватност се разбира.Можеби овие неколку бизарни примери ќе инспирираат некого и во Македонија. А можеби и ги имаме на претек … СРЕЌНА ВИ НОВА ГОДИНА и што повеќе ВИСТИНСКА АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА !!!
РОтердам ми се омилени!