Оваа година, влијателното американско списание “Vanity Fair” одлучи да состави листа од десет најдобри живи современи уметници за да се дознае повеќе за современите вкусови во рецентната уметност. Според организаторите, идејата за правење на ваков список не била за да се издвои најголемиот, највлијателниот или најважниот уметник. Прашалникот бил спроведен меѓу 100 познати уметници, историчари на уметноста и кустоси, а секој имал право да наведе шест имиња.
Најчесто бил споменуван германскиот уметник Gerhard Richter и тој сега се наоѓа на врвот на листата. Мали се шансите дека во скоро време некој би го симнал од тронот, бидејќи тој е константно еден од најбараните уметници на аукциите, а неговите дела ги рушат рекордите на продажба меѓу сите живи уметници.
Други уметници кои следат на листата се главно американски уметници: Jasper Johns, Richard Serra, Bruce Nauman, Cindy Sherman, Ellsworth Kelly, John Baldessari, Jeff Koons, William Kentridge и Ai Weiwei на крајот од пописот.
Да се потсетиме дека љубителите на уметноста на Jeff Koons оваа година во “New York Magazine” го прогласиле за најуспешен американски уметник од Andy Warhol па наваму, додека Ai Weiwei го зазеде првото место во 2011 година во пописот на угледното списание “ArtReview”. Интересен е податокот дека меѓу првите десет не влегол Damien Hirst, кој оваа година е исклучително активен и популарен особено во Велика Британија. Причините за овој податок можеби лежи и во фактот што Hirst го раскина долгогодишниот договор со една од највлијателните галерии во светот, њујоршката “Gagosian Gallery”, која му донесе милиони долари заработувачка, и потпиша ексклузивна соработка со престижната лондонска “White Cube” галерија.
1. Gerhard Richter
2. Jasper Johns
3. Richard Serra
4. Bruce Nauman
5. Cindy Sherman
6. Ellsworth Kelly
7. John Baldessari
8. Jeff Koons
9. William Kentridge
10. Ai Weiwei