Историјата на копање на тунели е се мери во илјади години. Но, не биле сите тунели изградени од чисто логистички причини. Тунелите најчесто биле (а и денес се) користени во рударството. Претходниците на денешните модерни тунели биле градени за транспорт на водата за наводнување, пиење и транспорт на отпадните води. Меѓу првите градби од овој вид биле подземните аквадукти, уште 2.000 години п.н.е. Во следниот напис Ви претставуваме 9 најдолги тунели во светот според изборот направен на сајтот Interesting Engineering.
Lærdalstunnelen, Норвешка е најдолг тунел на светот во патниот сообраќај и изграден е во периодот од 1995 до 2000 година, има должина од 24,5km. Eurotunnel – е најдолг подводен тунел во светот и ги поврзува Folkestone во Англија и Pas-de-Calais во Франција. Има должина од над 50km и пуштен е во сообраќај во 1994. Сепак колку и да делуваат импресивно податоците за овие градежни подвизи, тие се бледи во споредба со следните гиганти:
1. Delaware Aqueduct, Њујорк, САД
Должина: 137km
Намена: Водоснабдување
Ова е најдолгиот тунел во светот и служи како главна линија за водоснабдување на Њујорк. Пробиен е низ цврсти карпи и во најголем дел од својата должина има широчина од 4 метри.
2. Päijänne Water Tunnel, Финска
Должина: 120km
Намена: Водоснабдување
Лоциран во јужниот дел на Финска, на длабочина помеѓу 30-100 метри, ги снабдува со вода градовите во овој дел на земјата меѓу кои и Хелсинки. Неговата изградба започнала во 1972, и траела 10 години.
3. Dahuofang Water Tunnel, Кина
Должина: >85km
Намена: Водоснабдување
Ова е најдолгиот тунел во Кина и трет во светот. Се градел три години, а изградбата започнала во 2006 година.
4. Orange–Fish River Tunnel , Јужна Африка
Должина: >82km
Намена: Водоснабдување
Се работи за тунел за наводнување во Јужна Афроика, која е најдолга градба од овој вид на јужната хемисфера. Неговата изградба започнала во 1966, а завршила во 1975 година, со вградени 842.000m3 бетон.
5. Bolmen Water Tunnel, Шведска
Должина: ~82km
Намена: Водоснабдување
Тунелот снабдува со вода од езерото Болмен, околу 700,000 жители и има површина на попречниот пресек од околу 8 m2. Изградбата започнала во 1975 година и траела 12 години.
6. Túnel Emisor Oriente, Мексико – најдолг тунел во светот за отпадни води
Должина: >65km
Намена: Отпадна вода
Изградбата почнала во 2008 година, а завршена е во 2014. Користена е машина за пробивање на тунели. Градбата опслужува околу 20 милиони луѓе.
7. Guangzhou Metro Line 3, Кина – најдолг метро тунел во светот
Должина: 60km
Намена: Метро
8. Gotthard Base Tunnel, Швајцарија – најдолг железнички тунел во светот
Должина: 2 линии од по 57km
Намена: Железнички сообраќај
Gotthard Base Tunnel, низ Швајцарските Алпи е најдолгиот железнички тунел во светот. Исто така, тој е најдолгиот транзитен тунел во светот, со вкупна должина од 151 km. Бидејќи тунелот има одредени прекини, затоа не се рангира меѓу најдолгите континуирани тунели и завршува на последно место на оваа листа. Изградбата на овој тунел започнува во 1999, а отворен е за сообраќај во 2016 година.
9. Beijing Subway Line 10
Должина: 57km
Намена: Метро