Кина (1/10)
Со вкупен капацитет од 62,733 MW во 2011 година, Кина има најголем инсталиран капацитет во ветерни електрани во светот, со што веќе ги надмина САД. Оваа индустрија во Кина растеше со спектакуларна брзина во последните години, и претставува една од клучните компоненти на економскиот раст на земјата. Global Wind Energy Council тврди дека ваков обем на развој на оваа технологија не е можен во која било друга земја во светот.
САД (2/10)
Во 2011 година, САД имале инсталиран капацитет на ветерни електрани од 46,910 MW. Само во 2011 г. новоинсталираниот капацитет изнесувал 6,816 MW. Во периодот 2007 – 2011 година растот на годишно ниво е неверојатни 36%. Но до крајот на 2013 година се очекува намалување на овој тренд. Притоа, најголем инсталиран капацитет има Тексас, кој кога би бил независна држава би бил на шесто место во светот.
Германија (3/10)
Во 2011 година Германија имала 29,060 MW инсталиран капацитет на енергија од ветерот, односно 8% од вкупното производство на електрична енергија во земјата. Во некои северни делови на земјата тој процент достигнува и 40%. Германија ја поседува и најголемата турбина, т.н “Fuhrländer Wind Turbine Laasow” со височина на столб од 200 метри и пречник на роторот нешто помал од 100 метри.
Шпанија (4/10)
Веќе во 2009 година електричната енергија произведена од ветерот во Шпанија, ја надмина електричната енергија произведена од јаглен. Овој сектор остварил раст од 11% во 2011 година, при што ветерот задоволувал околу 16% од потребите на земјата од електрична енергија.
Индија (5/10)
Развојот на оваа технологија во Индија започнал пред дваесетина години, но и покрај тоа земјата е веќе позиционирана како сериозен пазар во оваа област. Во вкупниот инсталиран капацитет на земјата, ветерните електрани учествуваат со 6%.
Франција (6/10)
И покрај растечкиот тренд и сериозниот инсталиран капацитет од 6,800MW, Франција се соочува со неколку проблеми во развојот на енергијата од ветерот, од кои најзначајни се неадекватната електроенергетска мрежа и заштитените зони во кои не е дозволено градење на ветерни фарми. Според потенцијалот на ветерот, Франција може да изгради 12 пати поголем капацитет на ветерни електрани од постоечкиот.
Италија (7/10)
Енергијата произведена од ветерот во Италија е субвенционирана со исклучително поволна повластена тарифа. Тоа е главната причина за значителниот раст, но сепак оваа „чиста“ енергија во Италија не го оправдува во целост своето име. Напротив, ја следат низа коруптивни афери во делот на изградбата на електраните и трговијата со електричната енергија.
Велика Британија (8/10)
По биомасата, енергијата од ветерот е втор најголем извор на енергија од обновливи извори во оваа земја. Кралството има подеднакво значаен капацитет ветерни електрани и на копно и на море, при што во наредниот период се очекува значителен раст на нови капацитети на море.
Канада (9/10)
Канадската асоцијација за ветерна енергија има амбициозна цел, односно планира инсталирање на 55,000 MW до крајот на 2025 година, што би претставувало 20% од потребите на државата за електрична енергија.
Португалија (10/10)
Според инсталираниот капацитет, Португалија веќе ја надмина Данска, при што 15% од вкупните потреби од електрична енергија во земјата се обезбедуваат на овој начин.
Извор: Energis.ba