Насловна / Вести / Топ 10 најимпресивни градежни потфати на сите времиња

Топ 10 најимпресивни градежни потфати на сите времиња

modern-and-luxury-biggest-donghai-is-one-of-longest-cross-sea-bridge-in-the-world-qingdao-haiwan-bridge Kina 3

10. Qingdao Haiwan Bridge, Qingdao, China – 2011

Со должина од 42,5 километри мостот е најдолг во светот. Мостот The Qingdao Haiwan го поврзува градот Qingdao во Источна Кина со предградијата во Huangdao, долж водите на заливот Jiazhhou. Во Гинисовата книга на рекорди, влезен е како најдолг мост преку вода во светот. При градењето на мостот, користени се 450.000 тони челик и 2,3 милиони метри кубни бетон. Мостот е проектиран така што може да издржи најсилни земјотреси, тајфуни и удар на бродови. Се држи на 5.238 бетонски столбови.

Burj 2

Burj 3

9. Burj Khalifa (Кулата во Дубаи) Дубаи, Обединети Арапски Емирати – 2010

Кулата е висока 828 метри, и во моментов е највисоката зграда и најголемата слободно стоечка структура во светот. Има 163 ката и зафаќа вкупна површина, со сите катови, од 3,3 милиони метри квадратни. Има 27 тераси. Проектирана е да издржи налети на ветер од 160 км/час. Преку 22 милиони часови е работено ден и ноќ, додека зградата не е завршена.

Channel 3 Channel 4

8. Англискиот тунел под Ла Манш (English Channel Tunnel) Теснецот кај Довер – 1994

Наречен како едно од седумте светски чуда на модерниот свет од American Society of Civil Engineers. Тунелот е долг 50 километри, а најголемата длабочина што ја достигнува е 76 метри. Ова е вториот најдолг тунел во светот и го има најдолгиот подморски дел од кој и да било друг тунел. Граден е шест години од 13.000 инженери, техничари и работници со 11 специјални машини за изведба на тунели. Машините имале вкупна тежина од 12.000 тони, малку повеќе од Ајфеловата кула. Десет луѓе, од кои осум англичани загинале при неговата изградба. Всушност, изградени се три тунели, два за возови и еден сервисен кој служи за спасување, ако има потреба. Низ тунелот секојдневно проаѓаат 400 возови.

Golden Gate 3 Golden Gate 1

7. Мостот Golden Gate, Сан Франциско – 1937

Овој мост е оптегнат на 27.572 кабли со вкупна должина на каблите од 128.747 километри и има вкупно 600.000 заковки. Долг е 2,1 километар и го поврзува Сан Франциско со останатиот дел од заливот. Препознатлив симбол на Сан Франциско, наречен историски градежен симбол од American Society of Civil Engineers. Конструиран е од градежниот инженер Џозеф Штраус (Joseph Strauss), додека архитектот Ирвинг Мороу (Irving Morrow) ги проектирал стопите на мостот со елементи на арт деко. Челичните кабли се проектирани од Леон Моизеиф (Leon Moisseiff).

Hoover 5Hoover 3

6. Браната Хувер, река Колорадо – 1936

Направена е на реката Колорадо во Црниот кањон и е граница помеѓу сојузните американски држави Аризона и Невада. Наречена е едно од седумте светски чуда на модерниот свет и историски градежен симбол од American Society of Civil Engineers. Центаралата Хувер дава четири билиони kWh струја секоја година. Преградувајќи ја реката Колорадо, браната го прави езерото Мид (Mead), најголемото вештачко езеро на западната хемисфера. При изградба на браната загинале преку 100 работници. Иако е изградена во време на претседателот Рузвелт, контроверзно е наречна по Херберт Хувер кој го наследил Френклин Рузвелт. Се наоѓа близу градот Булдер (Boulder), па ја нарекуваат и браната Булдер. Проектирана е од инженерот Џон Л. Саваж (John L. Savage). Во темелите е широка 200 метри, а на завршетокот се стеснува на 14 метри.

02-02-11-03-01-Philip_and_Guillaume_Plisson-Panama

5. Панамскиот канал, Панама – 1914

Долг е 77 километри и ги поврзува Атланскиот и Пацифичкиот Океан, овозможувајќи пловидба на бродови меѓу Јужна и Северна Америка. Пред тоа бродовите пловеле околу ʼртот Кејп Хорн  и вртеле околу 15.000 километри. Наречен е едно од седумте светски чуда на модерниот свет и историски градежен симбол од American Society of Civil. Висинската разлика меѓу највисоката точка и морското ниво изнесува 26 метри. Низ каналот проаѓаат преку 15.000 бродови секоја година. Секоја од подвижните порти, што го регулира нивото на водата во каналот, тежи по 750 тони и ги полни коморите со 52 милиони галони вода, за да можат бродовите да пловат. Проектиран е од Фердинанд де Лезепс (Ferdinand de Lesseps) француски конструктор, кој го проектирал и Суецкиот канал. Преку 40.000 работници работеле при изгрдба на каналот. Го започнале Французите, а го завршиле Американците.

Brooklyn 4 Brooklyn 3 Brooklyn 1

4. Мостот во Бруклин (Brooklyn Bridge), Бруклин, Њујорк – 1883

Прв мост во светот кој користел носечки челични кабли. За првпат се користел експлозив за да се направат фундаментите под вода. Најголем висечки мост во светот до ден денешен. Секој ден преку него поминуваат 144.000 возила. Пред да започне проектот да се изведува, главниот инженер умира и работата ја презема неговиот син Вашингтон Реблинг (Washington Roebling) кој цело време додека мостот се градел не излегол од својата соба, каде што живеел, затоа што бил осакатен од декомпресија.Aquaduct 2 Aquaduct 1

3.Аквадуктот во Сеговија, Сеговија, Шпанија, околу 50 година нова ера

Проектиран е да пренесува вода од реката Фуенте Фриа (Fuente Fria), која била близу планините до градот Ла Ацебеда (La Acebeda) на растојание од 17 километри. Долг е 15 километри. Има 167 арки, 88 двојни и 79 самостојни. Наречен историски градежен симбол од American Society of Civil во 1999 година. Не се знае кога е точно изграден. Се мисли дека е изграден во времето на императорот Трајан, или пак нешто подоцна во 80 година од нашата ера во време на императорот Домицијан. Аквадуктот се користи до ден денешен. За изградбата на аквадуктот се употребени 24.000 гранитни блокови без користење на малтер за поврзување.

GREAT 5 GREAT 6 GREAT 7

2. Кинескиот ѕид, Кина, 475 година пред наша ера – 15 век наша ера

Преку 2000 години ѕидот се градел, преизградувал, проширувал. Започнал да се гради во 475 година пред нашата ера како заштита од инвазија на Хуните. Долг е 8.850 километри. Малтерот што се користел за поврзување на камењата во ѕидот е направен од оризово брашно. Правен е од камен, тули, набиена земја, дрво и други материјали. Некои од кулите изградени на ѕидот се на висина од 980 метри над морското ниво. Ѕидот е висок 7,8 метри, а широк  просечно 5 метри. На места е широк 9 метри. Мит е дека може да се види со голо око од месечината.

Pyramid 5 Pyramid 4 Pyramid 3

1. Големата пирамида, Гиза, Египет 2504 година пред наша ера

Позната како Големата пирамида од Гиза, пирамидата на Куфу или Кеопсовата пирамида е најстара и најголема пирамида во Гиза. Најстара е од седумте светски чуда на стариот свет и единствена која е останата. Висока е 146,5 метри и била најголема структура направена од човекот преку 3800 години. Се претпоставува дека е градена околу 20 години. При градењето се употребени 2,3 милиони камени блокови, просечната тежина на еден блок е 2,5 тони, а најголемите блокови тежат помеѓу 25 и 80 тони. Донесени се од далечина од преку 800 километри. Се претпоставува дека преку 30.000 работници работеле на нејзината изградба.

Испрати коментар

Scroll To Top