Да се има недоразбирања со соседите е помалку или повеќе вообичаено насекаде низ светот. Но, во настојувањата да излезат победници во тие спорови, некои отишле многу подалеку од „вообичаениот арсенал“ на кавги, тепачки и тужби, и направиле чудни градби исклучиво „за инает“ на соседите. Во продолжение погледајте ја листата од 10 најчудни градби инспирирани од комшискиот инает.
1. McCobb Spite House
По смртта на својот татко во 1806 година, Thomas McCobb, револтиран од фактот што семејната куќа ја наследил неговиот полубрат, изградил нова куќа веднаш до неа, со цел да го узурпира целиот слободен простор и да ја остави татковата куќа целосно во сенка и без природна светлина. Целата оваа приказна е документирана во Historic American Buildings Survey.
2. Dr. Tyler против градот Frederick, Maryland
Во 1814, градот Frederick, во Мериленд, САД, имал намера да поврзе две улици преку земјиштето сопственост на Dr. Tyler, без сопственикот да биде согласен. Распрашувајќи се што да направи за заштита на своите права, тој ја искористил можноста на локалниот закон според кој не смее да се пробива улица на место каде веќе се гради некаков објект. Преку ноќ, тој собрал работници и ги поставил темелите на нова зграда, спечувајќи ги на тој начин сите понатамошни обиди за изградба на улица на неговиот имот.
3. Skinny House, Бостон, САД
Двајца браќа во Бостон го добиле во наследство имотот на нивниот татко по неговата смрт. Едниот од браќата во отсуство на другиот кој бил на служба во американската армија и бил долго отсутен, изградил огромна куќа која се простирала релиси низ целата површина на заедничкиот имот. Револтиран од тоа што се случило, „војникот“ го искористил сосема малиот простор кој останал слободен и изградил мала куќа од дрво која целосно го блокирала видикот на братот и природната светлина. Куќата сеуште постои и сеуште е населена.
4. Freeport Spite Home
Во текот на 19тиот век, во градот Freeport, урбанистите одлучиле да ги уредат градските улици и квартови во формација мрежа. Еден човек кој бил против овој концепт изградил куќа на земјиште со површина на триаголник единствено во намера да ги спречи планерите во креирањето на „совршената“ форма.
5. Alameda Spite House
Во Alameda, Калифорнија, САД, еден човек по име Charles Froling правел планови за изградба на својата куќа од соништата. Но, идејата била спречена од страна на градските власти, кои одлучиле да узурпираат најголем дел од неговиот имот за изградба на улица. Земјиштето кое му останало на користење бил со смешно мали дизмензии и изградбата на таков простор била невозможна. Но, сепак Froling решава да ја искористи секоја педа, и ја изградил својата чудна куќа за инает на градските власти.
6. O’Reilly Spite House
Во 1908, Francis O’Reilly одлучил да го продаде својот плац во West Cambridge, Massachusetts. Откако неговиот сосед одбил да го купи, O’Reilly удлучил да му се одмазди. Тој изградил објект со основа 11×2,5метри, за инает на соседот. Од 2009 година овој објект е во сопственост на компанија за уредување ентериери.
7. „Inat kuća“ Сараево, БиХ
Веројатно единствената „инает“ куќа која станала ресторан. За време на владеењето на Австро-Унгарија, во Сараево било одлучено да се изгради градска сала и библиотека во Стариот град. Земјиштето кое било избрано за таа цел веќе било зафатено, односно имало изградена куќа. И покрај тоа што на соспственикот му биле нудени разни спогодби, тој одбил да ја продаде куќата или пак да се исели. Дури откако властите му се заканиле, тој одллучил да се иссели преку реката Миљацка, но заедно со куќата, пренесена парче по парче. Денес таа куќа е оригинален ресторан и претставува вистинска атракција на Сараево.
8. Montlake Spite House
Во 1925 во Montlake, Вашингтон, повторно спор во врска со продажба на соседен имот бил причина за инаетот. Поради навредувачки ниската понуда за откуп на земјиштето, одмаздата стигнува во вид на куќа со необично мали димензии, а широчината во најтесниот дел едвај достигнува 1,5 метар. Но, и покрај тоа, оваа куќа и денес постои и е населена.
9. House in Spite of WBC
Оваа куќа е изградена наспроти баптистичката црква WBC (Westboro Baptist Church), која е позната по своите анти-ЛГБТ ставови и протести. Aaron Jackson, кој е еден од поддржувачите на ЛГБТ заедницата, го купил плацот наспроти WBC, изградил куќа и ја обоил во боите на виножитото – од инает. Сега оваа куќа е туристичка атракција.
10. Church Monument, Англија
Joseph Edleston починал во 1904 Gainford, Англија каде и служел на локалната црква 41 година. По неговата смрт семејството барало дозвола за изградба на споменик во црковниот двор, но тоа било одбиено. Црковните власти побарале од семејството да даде дел од својата земја на црквата за да биде одобрено нивното барање за споменик. Револтирани од оваа постапка, роднините изградиле огромен споменик чија височина ги надминала дрвјата во црковниот двор, но изградиле и куќа веднаш до споменикот. Куќата постои и денес и е населена.