Од вчера на овој простор почнавме да ги објавуваме десетте најдобри јавни објекти во 2016 година, според изборот на уредникот за архитектура на Dezeen, Jessica Mairs. Во изборот се најдоа проекти како што се: уметничката галерија сместена во бункер од Втората светска војна, музејот на јајца од диносаурус и дури три проекти од една многу успешна компанија.
Tate Modern Switch House – Herzog & de Meuron
Швајцарската компанија Herzog & de Meuron ја заврши изведбата на 64,5 метри високиот додаток на лондонската галерија „Tate Modern“, која се наоѓа во објектот на поранешната електрана „Bankside Power Station“ од 2000 година. Кулата направена од тули овозможува дополнителен галериски простор, додека од терасата се нуди панорамски поглед на градот и реката Темза.