Денес го ообјавуваме претпоследниот од десетте најдобри јавни објекти во 2016 година, според изборот на уредникот за архитектура на Dezeen, Jessica Mairs. Во изборот се најдоа проекти како што се: уметничката галерија сместена во бункер од Втората светска војна, музејот на јајца од диносаурус и дури три проекти од една многу успешна компанија.
Smithsonian National Museum of African American History and Culture – David Adjaye
Трите горни катови од музејот „African American culture“ се карактеризираат со бронзена филигранска изработка. Проектот е дело на David Adjaye и се наоѓа во Вашингтон. Покрај горните катови, има уште три нивоа под земја, како и тројно поголем изложбен простор и театарска сала.