Денес го објавуваме четвртиот од десетте најдобри јавни објекти во 2016 година, според изборот на уредникот за архитектура на Dezeen, Jessica Mairs. Во изборот се најдоа проекти како што се: уметничката галерија сместена во бункер од Втората светска војна, музејот на јајца од диносаурус и дури три проекти од една многу успешна компанија.
Геолошки музеј на јајца од диносаурус – Huazhong University of Science and Technology
Светларниците налик на оџаци укажуваат на засолништето на јајцата од диносауруси во рамките на кинескиот национален парк „Qinglong“. Овој музеј го карактеризира бетонска површина долга 70 метри прошарана со бамбусови стапови. Проектот е дело на архитектите од Универзитетот за наука и технологија во Хуацонг (Huazhong University of Science and Technology).