Томаж Криштоф е роден 1974. година во Марибор, Словенија. Како основач на Студиото Криштоф, професионално дејствува со големи станбени проекти, реновирање на станбени блокови од периодот после Втората светска војна, а исто така ја истражува архитектурата како медиум за изразување на општествени пораки.
Тој е докторант на Архитектонскиот факултет во Љубљана и редовен соработник на Факултетот за градежништво, сообраќајно инженерство и архитектура на Универзитетот во Марибор. Од 2019. до 2023. година бил Претседател на Комората за архитектура и простор Словенија, а моментално е Претседател на одделот за архитектура. После катастрофалните поплави во Словенија од август 2023. година, назначен е за претставник на архитектонската професија во Владиниот совет за обнова.