Насловна / Архитектура / Томас Рау – Инспирација на нашето време

Томас Рау – Инспирација на нашето време

Томас Рау од Холандија не е само архитект, тој е и говорник на големи конференции. Со единствен пристап кој обединува архитектура, визионерство и циркуларна економија, Томас Рау претставува нов, единствен бран во современата архитектура. Во текот на месец октомври, Томас Рау престојуваше во Белград на конференцијата „Одржлива архитектура и енергетска ефикасност“, каде говореше за своето видување на архитектурата и денешницата.
Неговото мото е „воден од иднината“, со идеја дека најдобриот начин да ја предвидиме иднината е сами да ја создадеме. Тој тоа и го прави. Рау архитектс е основан во Холандија во 1992 година како студио за одржлива архитектура.

33_Triodos_III_©Ossip_RAU

Тоа што го прави посебен пристапот на овој архитект се две насоки на делување. Првата е примена на циркуларна економија во архитектурата, каде зградите се само привремен склоп на материјал, кој нужно мора да биде попишан. На тој начин голема количина употребен материјал, како делови, може да биде повторно искористен на други проекти.

Втората насока е употреба, а не поседување. Во текот на своето предавање Рау говореше на тема современ концепт на употреба на ресурсите. Airbnb, како еден од најголемите сервиси за резервации и сместување, не поседува свој простор кој се нуди, поедини произведувачи на автомобили во својата понуда имаат користење автомобили, како изнајмување, кое не е ниту кредитирање, ниту лизинг, туку платено користење. Тој принцип е искористен заедно со Филипс во програмата pay-per-lux на амстердамскиот аеродром, каде не е купен скап систем за осветлување, туку Филипс го задржал правото на сопственост над опремата, додека клиентот плаќа цена на основ на потрошена енергија.

Vogelobservatorium 'T IJ

Со идеја дека не можат сите проблеми да бидат решени, како и фактот дека при рушење и демонтажа на постоечки згради, големо количество конструктивен материјал ќе биде отфрлен, во 2017 година основан е онлајн систем на градежен катастар, Мадастер, со цел веќе користениот материјал, кој е уредно попишан при изградба, еден ден повторно да се користи. На тој начин возможно е значително да се намалат трошоците.

ТРИДОС БАНКА

Некои од проектите претставени на конференцијата, а кои ја одразуваат архитектонската филозофија на ова биро е проектот на Тридос банката во Холандија од 2017 година. Практично во шума, во местото Лангхуд де Рехорст, зградата на банката е конципирана да нема предна и задна фасада. Во внатрешноста е изразена посебна дрвена конструкција и транспарентност. Високото приземје создава асоцијација на „катедрала“, а за да се максимизира транспарентноста на работните простории и односот со надворешниот пејзаж, работните простории се одвоени со стаклени прегради, кои задоволуваат високи стандарди за заштита од бучава.

Carel.Van.Hees-Triodos_III_RAU

Приземјето е со јавен карактер, првиот кат е предвиден за работа и состаноци на вработените во банката, додека остатокот од просторот, во три независни кули е резервиран исклучиво за вработените.

Ова е прва голема деловна зграда, каде практично сто отсто конструкцијата е од дрво, додека во внатрешноста се користи само текстил од природни материјали.

ТИДЕ ОПСЕРВАТОРИЈА ЗА ПТИЦИ

Тиде е опсерваторија за птици која се наоѓа во Шелхук во национален резерват во близина на Стелендам. Опсерваторијата во форма на јајце во потполност е покриена со локална трска и се состои 400 монтажни елементи кои со брод се донесени од Финска и монтирани на лице место. Објектот е параметарски дизајниран за да се добие најдобар облик во однос на конструкцијата, големината и отворите за гледање птици. Долниот дел на објектот, кој може да биде поплавен, направен е од дрво бор.

Vogelobservatorium 'T IJ

ШИМАНО ДЕЛОВНА ЗГРАДА

Шимано деловна зграда во хајтек комплексот во Ајндховен претставува можеби најдобар пример на филозофијата на ова архитектонско студио. Дури 82 отсто материјал од постоечка зграда е рециклиран за нов објект. Концептот на фасадата е дефиниран со подолжни фасади, кои се поделени со вертикални бели елементи, што дава различна перцепција на транспарентноста на објектот во зависност од аголот на гледање. Ентериерот, кој го потпишува студиото Фокема и партнери, конципиран е на начин да охрабри соработка и запознавање, здраво работно опкружување и поглед на надворешноста. Отворениот работен простор е мошне флексибилен и прилагодлив на развојните потреби. Целата потребна енергија, зградата ја добива преку соларни панели на кровот, квалитетните фасади во однос на изолацијата обезбедуваат енергетски ефикасен систем, а придонес дава и ЛЕД осветлувањето и висококвалитетниот систем за вентилација.

shimano

Покрај конкретните изградени објекти, студиото развило и идејно решение на одржлив аеродромски терминал, сметан за терминал на иднината. Аеродромскиот терминал е осмислен како ротирачка зграда во средина на голем диск кој може да прими неколку летала. Дискот се ротира и авионот автоматски се префрла од една положба во друга, а секоја положба обавува одредена функција: качување, ставање гориво, утовар и истовар и др.

Архитектурата на студиото Рау претставува интересен спој на одмерена архитектура со релативно радикален пристап за употреба на материјалите и заштеда на енергија на оние места кои често не се земани предвид, како што се енергијата која се троши со рушење на постоечки згради и одвезување на отпадниот материјал кој би можел да биде рециклиран. Колку концептот на катастар на постоечки материјал ќе биде успешен и дали тој во иднина ќе стане стандард, секоја зграда да претставува само моментален збир на конструктивни елементи, кои со текот на времето можат да бидат различно искомбинирани, останува да се види, а секако тоа претставува една интересна и радикална идеја.

shimano2

ТОМАС РАУ ЗА ПОРТА 3

Можеме ли да зборуваме за поимот холандска иновација? Познати се примери како Дан Розенхарда кој се занимава со светло, Херман Хертзберг кој е присутен во доменот архитектура на едукативни простори и други. Од каде доаѓа таков иновативен пристап кој го имаат холандските создавачи?

Луѓето во Холандија се мошне отворени за сè што е ново, отворени се за нови идеи, дури и кога воопшто немаат искуство, тоа е типично за Холандија.

Screenshot_1

Зборувавте на тема нови пазари и рековте дека најдобар начин да се предвиди иднината е да ја создадеме.  Дали успевате да создадете нов пазар?

Кога зборуваме за нова архитектура, зборуваме за нова свесност на клиентите, тие велат ОК. Тоа е како за хибридните возила, никој од клиентите не барал хибридни возила, бидејќи не знаеле дека е возможно.

Зборувате за шумите кои се регенерираат со голема брзина, затоа што се сечат за дрвена граѓа. Дали тоа навистина е одржлив пристап?

Ако ни треба орагански материјал тогаш тој е неограничен, неорганскиот материјал е ограничен. Ако правиме згради од органски материјал тогаш имаме позитивен резултат, затоа кажав дека во 11 минути пораснуваат дрвја кои ни требаат за банка.

T-IJ-DJI_0216

Испрати коментар

Scroll To Top