Насловна / Вести / Том Диксон отворил нов ресторан во Лондон

Том Диксон отворил нов ресторан во Лондон

Британскиот дизајнер Том Диксон го прошири својот опсег на делување отварајќи ресторан во лондонскиот кварт Kings Cross.
Ресторанот содржи бројни карактеристики на неговиот дизајн вклучувајќи цигла, челик и стаклени површини.

7
Трокатниот ресторанот The Coal Office кој е опкружен со каналот Regent, поседува и бар и пекара, тераси и две приватни трпезарии за ручавање.
Одлуката на Диксон да отвори ресторан е во директна врска со претходниот ресторан Dock Kitchen во улицата Ladbroke Grove во која доаѓал и персоналот на Том Диксон.

2
На естетиката на ресторанот работеле Design Research Studio, интерен огранок на брендот Том Диксон, кој бил инспириран од поранешеното стовариште на јаглен кое се наоѓало на местото на сегашниот ресторан.

3
Долното ниво на ресторанот има лачни пролази од опека од 19. век, првиот кат е дополнет со црни дрвени ѕидови и пепеливо сив мебел кој е суптилна асоцијација на пожар, кој на ова место избил во 70-тите години на минатиот век. Вториот кат е посовремен со големи панели од стакло и челични акценти.

1
Масите и столиците се одбрани така да им се овозможи на гостите тоа што Диксон го опишува како „кулинарско игралиште“- набљудување и приготвување на различни јадења.

6

4

5

Испрати коментар

Scroll To Top